Во ново изградениот дел на Битола, опколен од најзначајните точки на интерес на идеално место е лоциран Хотел Кеопс. Националниот парк Пелистер и ски центар Копанки се наоѓаат на 15 минути, а археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис е на 10 минути оддалечен од Хотел Кеопс.
Ресторанот во Хотел Кеопс Ви нуди различен сет на мени за да задоволи сечиј вкус. Покрај традиционалната македонска храна ќе бидат приготвени и врвните специјалитети од меѓународната кујна. Ресторанот во хотелот Кеопс е пријатно и топло место, посветено за сите љубители на извонредната храна и вино, приготвена со многу љубов од вештите раце на врвните кулинари.